Авантуристичкото игралиште “Kolle 37”

Авантуристичкото игралиште “Kolle 37” е проект на организацијата “Netzwerk Spiel/Kultur Prenzlauer Berg e.V.”

Игралиштето е основано во 1990 година, а куќата за играње е изградена во 1999 година.

Помеѓу 30 и 100 момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 16 години го посетуваат игралиштето во текот на денот.

На игралиштето децата имаат можност да градат свои сопствени колиби, да палат оган, да работат во градината, да се грижат за животните или едноставно да си играат. Во рамки на игралиштето постојат различни проекти преку кои децата можат да ја развиваат нивната креативност. Истовремено, децата учат да работат со различни материјали и алати, преку активности во ковачница, керамичка, дрводелска и текстилна работилница, како и во сала за музички проби.

Авантуристичкото игралиште покрива површина од 4000 квадратни метри. Четири педагози и неколку инструктори работат со децата во него. Општината Панков во Берлин ги покрива трошоците за плати на вработените и дел од материјалните трошоци. Децата не плаќаат за посета на игралиштето, туку само за посебни услуги како екскурзии, ноќевања итн.

Игралиштето работи од понеделник до петок од 13:00 до 18:00 часот и во сабота од 13:00 до 18:00. Наутро игрлиштето може да се користи од страна на училиштата и градинките. Постои и клуб каде се чуваат дваесетина деца по завршување на училишниот ден. Навечер куќата се користи за културни и политички активности.